Што се случува во вашето тело доколку не ја сакате својата работа? Ако ги имате овие пет симптоми, тогаш сте во неволја

Точка

18/11/2025

12:15

926

Големина на фонт

а а а

Премногу луѓе се заробени на токсични работни места, проблем кој и работодавците и вработените треба да го сфатат посериозно.

Џефри Фефер, професор по организациско однесување на Универзитетот Стенфорд, кој ја напиша книгата „Умирање за плата“, преку своето истражување откри дека лошото управување во американските компании сочинува до 8 проценти од годишните трошоци за здравство и е поврзано со 120.000 смртни случаи секоја година.

Ако не ја сакате својата работа, тоа може да предизвика не само незадоволство на работното место, туку и дополнителни физички и ментални симптоми кои влијаат на вашиот живот на други начини.

1. Главоболка – незадоволството на работното место може да доведе до главоболка, дури и до мигрена. Ова се тензични главоболки, кои се јавуваат кога вашето тело ќе се стегне и влијае на протокот на крвта во мозокот. Настануваат поради стресот предизвикан од незадоволството на работното место.


2. Дебелеење – Ако не сте задоволни од вашата работа, веројатно ќе забележите зголемување на телесната тежина. Ова може да биде предизвикано од повеќе фактори. Прејадувањето е вообичаен механизам за справување со стресот, кон кое се прибегнува кога сте незадоволни од кариерата.

3. Изморени или болни мускули – Кога сте несреќни и чувствувате напнатост, мускулите несвесно се грчат. Згрчените мускули доведуваат до други телесни болки, како што се болки во грбот, рамениците, мускулите и во зглобовите.

4. Несоница – Екстремниог стрес и незадоволство може да доведат до губење на сонот. Недостатокот на сон може да ги влоши другите симптоми поврзани со стресот, како што се главоболката и менталниот замор.

5. Ментален замор – Недостатокот на сон, заедно со дополнителниот стрес, може да доведе до премореност на вашиот ум. На истиот начин на кој можете да доживеете физички замор, можете да доживеете и ментален замор. Тој може да биде целосно исцрпувачки, да ги отежне фокусирањето и продуктивноста, бидејќи никогаш не се чувствувате потполно енергично или одморено.


Ослабениот имунолошки систем доведува до поголема склоност кон инфекции и вируси, како што се настинки, воспаление на грлото, грип…

Поради стресот и незадоволството на организмот му е потребен подолг период на закрепнување отколку што е вообичаено за овие вируси. Под стрес, жените можат да доживеат неправилности во менструалниот циклус. Менструациите може да биде потешки, а грчевите поболни. Жените кои поминуваат низ менопауза може да имаат засилени симптоми.

Што можете да направите за да се борите против ова?

Правете паузи. Откако вашето тело ќе биде во состојба на подготвеност да ве одбрани од неразумни барања и лоши шефови, треба да му дадете слободно време.


„Кога не му даваме шанса на нашиот нервен систем да се опушти и ресетира, тоа почнува да предизвикува долгорочна штета“, објасни психологот Моник Рејнолдс од Центарот за анксиозност во Мериленд. Таа вели дека дружењето надвор од работното место, медитацијата и вежбањето можат да помогнат во ублажување на симптомите на стрес.

Преобликувајте го негативното размислување. Еден од принципите на когнитивната бихевиорална терапија е дека начинот на кој размислувате може да го промени начинот на кој се чувствувате.


„Не е можно секој да ги смени работните места што го прават несреќен, но можеме да се фокусираме на ситуацијата што можеме да ја контролираме“, вели Рејнолдс. Можеме да ја користиме свесноста за да управуваме со нашето бескорисно размислување за тоа како поминала презентацијата или што колегите мислат за нас.

Дајте отказ. Гледајте на тешките ситуации како на предупредување дека ви треба друга работа. Фефер рече дека долгите часови, недостатокот на автономија, неизвесното распоредување и економската несигурност на работните места се сè повеќе фактори што придонесуваат за токсична работна средина што вработените мора да ја остават зад себе, а не само да се справат со неа. „Мора да го решите основниот проблем, а не симптомите“, рекол.