[ФОТО] Џенифер Лоренс во најубавиот бел фустан којшто некогаш сме го виделе – изгледа како грчка божица

Точка

18/11/2025

08:00

2.226

Големина на фонт

а а а

Актерката Џенифер Лоренс била една од најдобро облечените дами на доделувањето на наградите „Governors Awards“, а кога се појавила на црвениот тепих ги засенила сите со својата бела креација во стилот на грчка божица.

Во Лос Анџелес било одржано доделувањето на наградите „Governors Awards“, а меѓу најстилизираните гости биле Џенифер Лопез, Сидни Свини и Џенифер Лоренс.

Младата оскаровка го потврдила статусот на една од најстилизираните холивудски актерки појавувајќи се во елегантен фустан којшто е спој на минимализмот со холивудски гламур и сите ги оставила без здив.


Станува збор за шик бел фустан направен од мека ткаенина кој го потпишува Џонатан Андерсон, креативниот директор на „Dior“.

Прекрасната креација ги открила рамениците на актерката, а имала и асиметрично деколте, но исто така се одликувала и со набрани делови и минималистичка елеганција.

Смелиот изрез до колкот дал доза на драма и атрактивност во оваа креација.


Поради неговите детали фустанот многумина потсетил на изглед на грчка божица.

Овој фустан Џенифер го искомбинирала со бели сандали на висока потпетица и впечатлив накит.


Ви се допаѓа ли модната комбинација?