Кралицата Ранија од Јордан одбра модна комбинација што е многу повеќе од еден аутфит – тоа е ода на традицијата, но на нејзин начин, со доза модерност и елеганција.
Во понеделникот, 17-ти ноември, кралицата Ранија од Јордан ги воодушеви сите со модната комбинација што ја носеше на средбата во Ум Ал-Џимал со група од преку сто жени ангажирани во општествени, културни и образовни активности во регионот. Бидејќи за неа тоа било исклучително важен ден, таа се потрудила да блесне – и очигледно успеала во тоа извонредно добро.
Овој пат изборот падна на парчиња што претставуваат совршен спој на традицијата и современите елементи.
Кралицата Ранија се појавила во крем-бела комбинација со долги ракави, составена од бел фустан со бисерно-металик копчиња, преку кој носела волуменизиран тенок кардиган во крем нијанса со детали во кафеава боја.
Како што често прави, и овој пат кралицата го комплетирала изгледот со широк кожен појас со златна тока, кој совршено се вклопил со остатокот од комбинацијата.
Појасот кој е заштитен знак на кралицата Ранија – често ги облагородува нејзините аутфити, им дава поформален изглед, ја нагласува фигурата и ја истакнува силуетата.
Овој пат сè заокружила со златни тркалезни обетки, додека шминката била нежна, во светло-розови тонови, што многумина ги потсети на стилот што го преферира кралицата Летиција од Шпанија.
Тренди бордо маникирот додал доза елеганција и го поврзал традиционалното со модерното, бидејќи токму тој е апсолутен хит за сезоната есен/зима 2025/2026.













