[ФОТО/ВИДЕО] Кога ќе чуете колку се тешки ангелските крилја кои ги носела Бела Хадид, ќе сакате да ѝ се поклоните

Кармин

17/10/2025

16:00

372

Големина на фонт

а а а

На традиционалната ревија на „Victoria’s Secret“ манекенката Бела Хадид најголем впечаток оставила во сребрената долна облека, носејќи бели крилја кои само делуваат дека се лесни, но тоа воопшто не е така.

Бела Хадид и нејзината сестра Џиџи Хадид биле едни од славните манекенки кои ги носеле популарните крилја на „Victoria’s Secret“ – традиционалната годишна модна ревија одржана на 15 октомври во Њујорк.

Супермоделот Бела Хадид носела фантастични сребрени крилја кои изгледале лесно на нејзиниот грб, додека самоуверено чекорела во долната облека, меѓутоа, по ревијата открила колку всушност тежат.


Крилја тешки дури 22 килограми

На една од фотографиите која ја објавила на социјалната мрежа Инстаграм, позирала во металик долната облека со реси која изгледала спектакуларно, а покрај тоа носела и бели крилја кои не делуваат како да имаат 20-на килограми.

„ОК, ќе се правиме дека овие крилја немаа околу 22 килограми, но колку се убави“, напишала Бела покрај фотографијата.

Манекенката со сребрениот комплет носела и проѕирни сандали на висока потпетица, а на пистата излегла еден месец откако завршила во болница.

Ангелите на „Victoria’s Secret“ често се сретнуваат со овој „проблем“ и иако наизглед делува дека им е лесно затоа што само „шетаат и позираат“, ќе се согласиме дека Алесандра Амбросио на ревија во 2011 година носела крилја украсени со скапоцени камења тешки околу 27 килограми.

За овој момент на пистата, кога носат толкав товар на грбот, ангелите се подготвуваат неколку месеци во вид на строги рутини на вежбање и внимателно испланирана исхрана за да добијат максимална сила.


Бела во 2016 година открила дека секој ден вежба по три часа, како и дека јаде многу протеини.

Иако нејзиниот распоред делува лудо, таа е една од оние кои сметаат дека ништо не е тешко кога ќе се посветиш.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk