[ВИДЕО] Славната манекенка се расплакала: „Светот беше груб кон мене“

Кармин

12/10/2025

14:01

1.341

Големина на фонт

а а а

Со оглед на тоа дека се приближува годишната модна ревија на брендот „Викторија Сикрет“, манекенката Џиџи Хадид се потсетила на нејзиниот прв ангажман за познатиот бренд за долна облека пред точно 10 години.

Во видеото објавено на Инстаграм профилот на брендот, 30-годишната манекенка проговорила за „остварувањето на сонот“ кога обезбедила место на пистата во 2015 година.


Емотивно зборувала за критиките од индустријата

Џиџи станала емотивна и речиси заплакала додека раскажувала како се справувала со критиките во светот на модната индустрија на почетокот од нејзината кариера.


„Многу сум среќна за неа“, рекла Џиџи, мислејќи на помладата верзија од себе. „Тоа е она што таа навистина го сакаше. Гледам фотографии од тоа време и светот беше толку груб кон неа – и не само кон неа, туку беше груб кон сите девојки“, додала Хадид.

Горда на својот пат

„Тоа беше одлично време. Заслужував да бидам таму и ќе продолжам да се враќам на таа ревија. Многу сум среќна што таа девојка ја доби својата прва ревија и за себе како тинејџерка која го гледала тоа шоу“ продолжи Џиџи.


Инаку Хадид ќе учествува на овогодишната модна ревија на Викторијас сикрет, која се одржува на 15 октомври.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk