Кога ќе помислиме на Дајан Китон, прво ни паѓа на ум нејзиниот стил – широко сако, бела кошула, црна ролка и неизбежниот шешир. Но под таа модна фасада се криеше живот полн со храброст, тишина и избори кои не беа лесни.
Ова не е само приказна за актерка, туку и за сите жени кои решија да не ги следат очекувањата, туку да го обликуваат животот според сопствените правила, пишува „Она“.
Китон ја освоила публиката не само со својата глума, туку и со модниот израз. За неа модата никогаш не била театар, туку начин да покаже став. Облекувањето го претворила во манифест – женственост која не бара дозвола. Додека другите актерки носеле гламур и сјај, таа избрала едноставност, елеци и вратоврски. Станала симбол на слобода, автентичност и елеганција која не се извинува.
Но зад тој стил стоела жена која длабоко размислувала за љубовта, семејството и своето место во светот.
Дајан Китон никогаш не се омажила. И тоа не било пораз, туку избор. Говорела дека нејзините големи љубови, Ал Пачино, Ворен Бити и Вуди Ален, биле значајни, но дека бракот за неа никогаш не бил цел.
Кога наполнила педесет години, донела одлука која засекогаш ѝ го сменила животот. Ја посвоила ќерката Декстер, а неколку години подоцна и синот Дјук. Тој избор бил израз на нејзината најдлабока потреба – да создаде дом по сопствени правила.
„Никогаш не мислев дека ќе бидам подготвена да станам мајка… па едноставно скокнав“, изјавила своевремено.
Многу жени на нејзина возраст совршено ја разбрале.
„Мајчинството ме промени целосно. Тоа е најпонизното искуство што сум го имала“, признала таа.
Родителството ја научило на трпение и на одговорност која никогаш не престанува.
„Пред децата се грижев само за себе. Сега се грижам со срце“, говорела Китон.
Многу жени се пронајдоа во нејзината приказна – оние што немале „класични“ семејства, но научиле дека љубовта не зависи од формула.
„Децата ме научија дека не морам да бидам совршена за да бидам сакана“, признала Китон.
Нејзините деца, Декстер и Дјук, пораснале далеку од очите на јавноста.
„Немaат интерес за тоа што го работам, и мислам дека тоа е здраво. Нивниот свет е нивен и тоа е сè што сакав“, објаснила таа.
Иако никогаш немала „холивудски крај“ како во филмовите, Китон никогаш не се чувствувала лишена од љубов.
„Врските што ги имав беа вистински, но никогаш не стигнав до момент кога можев целосно да се препуштам. И тоа е во ред“, била искрена.
Во подоцнежните години од животот, таа искрено признала дека не бара партнер и дека не излегува на состаноци.
„Имам семејство. Имам свој живот. Немам потреба да му припаѓам на некого“, изјави Китон.
Во последните децении, Китон открила нова страст – архитектура и дизајн. Реновирала стари куќи, пишувала за нив, ги фотографирала и ги претворала во простори исполнети со мир.
„Домот не е место. Домот е чувство што сами го создаваш“, велела.
Diane Keaton, an iconic actress who passed away at 79, became a mother in her 50s through adoption, raising Dexter, 29, and Duke, 25, on her own and revealing that motherhood was a thought she pondered long before taking the plunge. pic.twitter.com/TgKiPZWdpM
— unumihai Media (@unumihaimedia) October 11, 2025
На Инстаграм често објавувала фотографии во шешири, со своите кучиња, во ролки и патики, секогаш духовита, самоиронична и своја. Никогаш не се обидувала да ги сокрие годините – ги прифаќала како доказ дека живеела со полни гради.
„Ништо не е засекогаш. Ништо не е сигурно. Ништо не се подразбира. Дури ни домот. Можеме да старееме достоинствено или заносно. Јас го избирам и двете“, знаела да каже.
Дајан Китон почина на 11 октомври 2025 година, во 79-та година од животот, тивко и достоинствено – како што живееше, без врева, но со трага што засекогаш ќе остане во историјата на филмот, модата и женската сила.