Ќерката на Адам Сендлер се чини дека има светла иднина во музичката индустрија. 16-годишната Сани, ќерка на ѕвездата од „Среќен Гилмор 2“, се качи на сцената за време на турнејата „Ти си мојот најдобар пријател“ на нејзиниот татко и ја воодушеви публиката со своите вокални таленти, објави „Пипл“.
Во неделата, на 5 октомври, тинејџерката го извела хитот „I Hope“ од 2020 година на кантри пејачката Габи Барет. Во клип од настапот објавен на ТикТок, Сани пее додека гордиот татко Сендлер (59) ја придружува на гитара.
Освен Сани, познатиот актер има и 19-годишна ќерка, Сејди, со сопругата Џеки Сендлер.
Ова не е прв пат ќерките на Сендлер да го покажат својот талент. Сани и Сејди се појавиле во неколку филмови на нивниот татко, вклучувајќи го и хитот на Нетфликс од 2020 година „Hubie Halloween“. Тие неодамна му се придружија на својот татко во „Среќен Гилмор 2“ и оставија силен впечаток кај режисерот Кајл Њуачек, кој рече дека се „многу добри во глумата“.
„Возбуден сум да видам што ќе смислат во следните 10 години, дали ќе ги следат стапките на својот татко и ќе се посветат на овој семеен бизнис“, рекол тој. „Сите се многу талентирани и одлично е да се гледа како работат.“
Во јули, актерот разговараше со „Пипл“ за работата со своето семејство на премиерата на „Среќен Гилмор 2“. „Ги сакам. Срцето ми е исполнето. Навивам за нив кога работам со нив“, рече тој. „Сопругата и јас имаме прекрасна врска, кога се гледаме во очи, се поврзуваме, па го користиме тоа кога глумиме“, продолжил тој.
„Понекогаш изгледа малку чудно што се заљубуваме, а тоа нема смисла за нашите ликови.“ Сендлер, кој е во брак со Џеки од 2003 година, додал: „Но, имаме прекрасна привлечност еден кон друг и моите деца не би можеле да бидат погорди на она на што работат и што и да сакаат да постигнат. Секогаш навивам за нив, како и секој родител.“