[ФОТО] Грчката принцеза шокирала со стајлингот: Еве како се појавила на најголемиот моден настан

Кармин

08/10/2025

17:47

1.285

Големина на фонт

а а а

Принцезата Марија Олимпија од Грција често предизвикува воодушевување со својот необичен моден израз, а привлекла големо внимание и на овогодишната Модна недела во Париз.

Марија била гостинка на ревијата на „Миу Миу“, а нејзиното лежерно издание предизвикало бројни реакции.

И додека некои го критикуваа нејзиниот избор, други ја пофалија принцезата за нејзиниот стил кој не ги почитува кралските норми.


Имено, на модната ревија на гореспоменатиот бренд, Марија решила да се појави во спортска модна комбинација.

Опуштениот аутфит го надополнила со црна чанта, но и со црвена маичка која го „скршила“ монохроматското издание.


Косата ја стилизирала на наједноставен начин, а се решила и за едвај забележлива шминка поради што изгледала многу природно.

Која е принцезата Марија Олимпија од Грција?

Принцезата Марија Олимпија е родена во Њујорк на 25 јули 1996 година. Познато е дека дипломирала на „Парсонс“ школата за дизајн во Њујорк во 2016 година.


Дипломирала и на школата за индивидуални студии по моден бизнис и маркетинг „Галатин“ на Универзитетот во Њујорк. Интересно е што Олимпија не зборува грчки.

Таа е модерна благородничка која ужива во луксузот на својата круна, но ги разбира и проблемите на обичниот свет. Не е во центарот на вниманието на светската јавност, но еднаш го кажала следново:


„Јас сум принцеза затоа што ја носам таа титула, но истовремено сум и некој кој води сосема нормален живот“, изјавила за „Vanity Fair“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk