Сопругата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ е позната по своите едноставни и импресивни модни комбинации, а едната од нив нѝ ја „сервираше“ неодамна за време на Модната недела во Париз.
Tаа покажа дека минималистичкиот и софистициран изглед може да биде особено впечатлив.
Имено Јелена се решила за бел мини-фустан со поло јака и долен дел со набори, што сите ги потсети на омаж кон тенисот.
Над ултра краткиот фустан, Јелена носела оверсајз беж сако, кое само по себе беше многу ефективно, со огромниот златен брош во форма на крокодил, симболот на брендот Лакост.
Со овој фустан, таа искомбинирала необични чевли, кои ги носела со бели чорапи, а изгледот го заокружи со темни очила за сонце.
Сопругата на тенисерот покажа дека ги следи трендовите избирајќи не една, туку две чанти за оваа пригода, една поголема во беж боја и помала зелена.
Инаку минатата година на ревијата на Миу Миу, за прв пат се појави носењето две чанти, а овој пат Јелена покажа на кој начин можеме да го следиме тој тренд.
Покрај тоа на Модната недела во Париз, таа се фотографирала со Ана Винтур, а по насмевките можевме да заклучиме дека и нејзе ѝ се допаднало модното издание на Србинката.