[ФОТО] Со своето појавување предизвикала „земјотрес“ на Модната недела во Париз: Сите гледале во модна комбинација на 81-годишната жена

Кармин

07/10/2025

21:30

372

Големина на фонт

а а а

На Модната недела во Париз, каде што секоја ревија се стреми да ја надмине претходната, вистинската претстава се случила надвор од пистата.

Мишел Лами, уметница, режисерка, дизајнерка и муза на модниот гениј Рик Овенс (и негова сопруга), беше вистинското олицетворение на мантрата дека автентичноста не бара дозвола. Нејзиното појавување предизвика вистински бран возбуда, не само поради нејзиниот екстравагантен изглед, туку и поради енергијата со која го преплави просторот штом се појави.

Мишел има 81 година и ги руши стереотипите.


Таа присуствувала на неколку ревии, меѓу кои најмногу се издвоија стајлинзите на ревијата на нејзиниот сопруг - ревијата на Ветмон и ревијата на Диор на Џонатан Андерсон, за сезоната пролет-лето 2026.



На ревијата на Ветмон, Мишел била облечена во монументална комбинација што комбинира текстури, форми и сила и изгледала како да излегла од авангардна скулптура. Нејзината фигура завиткана во слоеви од темен, мек материјал, монументални рамена и чизми што изгледаа како глина што ја менува формата, беа вистинска референца за креирањето форма во уметноста. Лами не носи облека, таа ја претвора во продолжение на сопственото битие.


На ревијата на Диор, Лами носела исти препознатливи чизми, но носела и пончо во вид на јаже што оставило впечаток на постапокалиптична мода, која е карактеристична за брендот на Рик Овенс. Овенс, покрај таа футуристичка мода, која се рефлектира во постапокалиптичната реалност, користи и многу црна боја, што Мишел исто така го испочитувала. Имено таа носела и целосно монохроматски аутфит. Се појавила во црни чизми над колена, црно здолниште и црн шал преку главата, како и нејзината препознатлива црна сенка и ајлајнер.


Додека фотографите го следеа секој нејзин потег, гостите ја набљудуваа со тивка почит. Забележливо беше дека Мишел не се обидувала да импресионира. Со самото појавување таа едноставно го постигнала тоа.

Мишел и Рик со децении ги поместуваат границите на естетиката, но оваа сезона Лами беше таа што го потсети Париз дека храброста никогаш не старее.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk