„Брише“ 5 години, ги стеснува порите и ја затегнува кожата: Ледената маска што го преплави ТикТок е потполно бесплатна

Кармин

09/10/2025

14:37

777

Големина на фонт

а а а

Мразот долго време се користи во негата на лицето, обично за намалување на отеченоста и е толку ефикасен што супермодели како Кејт Мос и Ирина Шајк се одлучуваат за него и покрај сите достапни средства.

Затоа не зачудува популарноста на таканаречената ледена маска, домашен третман кој во последно време многу често се препорачува на ТикТок, а наводно делува така што ја подмладува кожата и „брише пет години“ од лицето.

Но, дали навистина делува?


„Ледена“ маска за лице

Сè уште нема релевантни студии што препорачуваат ледени маски како дел од редовната рутина за нега на кожа, но од она што е познато за ефектите на мразот – придобивки постојат.

„Студот помага во зацврстување на кожата, стеснување на порите и подобрување на тонусот, по што тенот изгледа свежо, а лицето е мазно“ објасни д-р Александра Боулс, дерматолог од Синсинати. „Исто така, го стимулира лимфниот систем и ги поддржува природните процеси на детоксикација, со што се подобрува целокупното здравје на кожата“, додаде таа.


Сепак, таа истакна дека мразот не е само корисен за кожата, туку дека изложеноста на студ може да помогне и со стресот, со стимулирање на ослободувањето на ендорфини.

Секако, третманот со мраз не делува како магично стапче и не може да ја замени редовната и правилна нега на кожата, здравата исхрана, заштитата од УВ зрачење и избегнувањето на чад од тутун, но може да биде корисен.

Џоана Чек, естетичарка која со години работи во Холивуд, истакнува дека често користи мраз завиткан во газа за масажа на лицата на своите клиентки и дека ова е нешто што го научила пред повеќе од 30 години.

„Не е трик – навистина функционира“ вели таа.


Ледена маска во негата на лицето – чекор по чекор:

Изберете голем, чист сад, доволно длабок за да го потопите лицето во него.

Наполнете го садот со вода и мраз, но не до врвот, туку само до ¾ од висината на садот (за да не се прелее кога ќе го потопите лицето).

Потопете го лицето во водата и кратко останете во таа положба. Не претерувајте – пет секунди се сосема доволни.

Нежно исушете го лицето со тапкање на кожата со крпа.

Нанесете го вашиот вообичаен хидратантен крем.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk