Американката Шелби Мартин родила бебе тешко речиси шест килограми во болница во Нешвил, а нејзината објава го привлече вниманието на бројни корисници на социјалните мрежи.
Таа родила машко бебе, Касијан, со царски рез, со тежина од 5,8 килограми. Ова е најтешкото бебе родено во болницата „TriStar Centennial Women’s“ за повеќе од три години.
„Кога луѓето зборуваат за тоа како е да имаш големо бебе, мислејќи дека не знам ништо за тоа. Верувајте ми, знам“, напиша таа.
Нејзината ТикТок објава досега собрала повеќе од четири милиони лајкови и речиси 60 илјади коментари.
„Колку години бил во стомакот?“, „Дали мораше да туркаш или самиот излезе?“, „Дали бебето морало да излезе преку покривот?“, се пошегуваа нејзините следбеници.
Касијан кратко престојувал на интензивна нега, а Шелби му се заблагодарила на медицинскиот тим.
„Посебна благодарност до жените кои се грижеа за мене и ми помогнаа по царскиот рез како мајка која за прв пат се породи со царски рез. Уште една голема благодарност до тимот од интензивна нега кој се грижеше за нашето големо момче. Никогаш нема да ве заборавам“, напиша Шелби.
Инаку Шелби го родила синот на својот роденден и истакна дека тој е најдобриот подарок што некогаш го добила.