Таа е страсна, своја и наместо да се подготвува за пензија веројатно ќе влезе во улога која ќе ѝ го одбележи животот.
Јапонија наскоро ќе ја добие својата прва жена на чело на Владата, откако владејачката конзервативна партија ја избра Санае Такаичи за нова лидерка, со што 64-годишната жена стана наследничка на досегашниот премиер Шигеруа Ишиба.
Такаичи, поранешна министерка, телевизиска водителка и страсна тапанарка во хеви метал бенд е една од најпознатите, но и најконтроверзни фигури во јапонската политика.
Позната е по своите цврсти конзервативни ставови и блиски врски со десното крило на Либерално-демократската партија.
Нејзините најголеми предизвици ќе бидат забавената економија, растот на инфлацијата и стагнацијата на платите, како и напнатите односи со САД, особено околу трговскиот договор со администрацијата на Доналд Трамп.
Такаичи исто така мора да ја обедини партијата после неколку бурни години и бројни скандали кои се случиле таму.
Аналитичарите се сомневаат дека ќе успее да ги „излекува внатрешните рани“ во партијата.
Професорот Џеф Кингстон од Универзитетот во Токио оценува дека „има поддршка на десното крило, но дека ќе ја изгуби пошироката популарност меѓу избирачите“.
Такаичи е долгогодишен обожавател на Маргарет Тачер, па често ја нарекуваат „челичната дама на Јапонија“.
Сепак,многу од жените во Јапонија не гледаат во неа симбол на напредок затоа што се противи на легализацијата на истополови бракови и закони кои на жените би им овозможиле да го задржат моминското презиме по венчавка.
Блиска е и со поранешниот премиер Шинзу Абеу, чија економска политика има намера да се оживее низ високата државна потрошувачка и ниски камати.
Такаичи редовно го посетува светилиштето посветено на јапонските војници, меѓу кои има и осудени на воени злосторства, што често предизвикува остри реакции во Кина и Јужна Кореја.
Она што за неа е уште поинтересно е тоа што таа пред да се занимава со политика работела како водителка на „TV Asahi“ од 1989 година, како водителка на емисијата „Kodawari TV Pre-Stage“.
Исто така свирела тапани во хеви метал бенд во текот на студентските денови.