3 собни растенија кои ефикасно ја намалуваат влагата и мувлата во домот: Го чистат воздухот и се природно решение за најголемиот проблем

Кармин

01/10/2025

21:48

2.364

Големина на фонт

а а а

Овие три отпорни и лесно достапни собни растенија природно ја намалуваат влагата во воздухот и помагаат во спречување на настанување мувла, а истовремено го облагородуваат просторот.

Мувлата, кондензацијата и преголемата влага се чест проблем во многу од домаќинствата, особено во текот на студените и влажни месеци. Сепак, одредени растенија можат да помогнат при овој проблем.

Освен што ги оштетуваат ѕидовите, мувлата и влагата можат да бидат и ризик за здравјето. Експертите за хортикултура истакнуваат дека природното решение лежи во собните растенија кои ја апсорбираат влагата и го подобруваат квалитетот на воздухот во затворени простории.

Англиски бршлен


Англискиот бршлен е идеален за помали простории и влажни простории како бањата. Познат е по способноста да го исчисти воздухот.

Најдобро успева на светли места со индиректна светлина и бара редовно полевање, со паузи земјата да се исуши. Се препорачува одгледување во повисоки саксии или на полици поради подобриот проток на воздух и сигурност затоа што листовите се отровни за домашни миленици.

Спатифилум


Спатифилумот, познат по белите цветови, нуди практична вредност – одлично поднесува висока влага и често се користи во простории склони на создавање мувла.

Тој го впива вишокот влага преку лисјата и може да успее и на вештачко осветлување. Освен намалената влага, го чисти воздухот од токсини, а тој е погоден и за домови во кои живеат алергични луѓе.

Сансиверија


Сансиверијата е едно од најотпорните собни растенија и речиси не бара одржување. Доволно е да го полевате еднаш во неделата или двапати. Нејзините лисја се особено ефикасни во намалување на кондензацијата и влагата, а истовремено го прочистуваат воздухот од штетни материи.

Според истражување на НАСА, сансиверијата филтрира бројни токсини од воздухот поради што се смета за едно од најдобрите растенија за здравјето во затворени простории.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk