[ФОТО] За неа разводот бил само модна преобразба: Никол Кидман има нова фризура која есенва ќе биде одраз на неуништливоста

Кармин

07/10/2025

15:00

431

Големина на фонт

а а а

По појавувањето во Париз цел Холивуд зборува за промената која актерката ја доживеала и со која порачала дека ништо не може да ја уништи.

Актерката Никол Кидман започна ново поглавје во животот и тоа со насмевка, шишки и своите ќерки покрај себе.

Откако беше потврдено дека се разведе од музичарот Кит Урбан по 19 години брак, Никол прошета на „Paris Fashion Week“ и покажа дека во голем стил се враќа на сцената.


На престижната ревија на „Chanel“ таа се појавила во опуштена комбинација, бела кошула и широки сиво-сини панталони, но она што привлекло најголемо внимание бил нејзиниот нов имиџ, меки шишки кои потсетуваат на нејзиниот изглед од серијата „Големи мали лаги“.

Никол во Париз позирала со своите ќерки Сандеј Роуз и Фајт Маргарет кои ретко се појавуваат во јавноста.


Сандеј изгледала во тренд облечена во фармерки и црвено елече, додека пак Фејт носела црн мини фустан со тексас јакна, доказ дека модата дефинитивно им е во крвта.

Разводот којшто официјално бил започнат во септември, очигледно дека не го нарушил мирот на Никол и нејзините ќерки.

Иако фановите биле изненадени од веста, извори блиски до парот тврдат дека раскинувањето било неизбежно и дека веќе подолго време парот живеел одвоено.


Никол и Кит се запознале во 2005 година, се венчале наредната година, а последен пат во јавноста биле видени заедно летово во Нешвил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk