4 работи кои секое дете мора да ги добие од своите родители, а не се материјални: Д-р Габор Мате ги открива основните потреби на нашите малечки

Точка

03/10/2025

14:19

708

Големина на фонт

а а а

Славниот канадски лекар д-р Габор Мате е многу посветен на раниот развој на децата, и токму во оваа област често им дава совети на родителите, укажува на некои вообичаени грешки и слично.

Во еден од своите јавни настапи говорел и за основните потреби што ги имаат децата, нагласувајќи дека за детската благосостојба е многу важно тие потреби да бидат исполнети. Според неговите зборови, децата имаат четири основни потреби:

1. Имаат потреба од сигурна поврзаност со возрасни лица кои се грижат за нив или кои се со нив долго време.


2. Имаат потреба да не мораат да се трудат нивниот однос со родителите да функционира. Тие треба да уживаат во безгрижност и сигурност дека ништо што ќе направат не може да го уништи нивниот однос со родителите и дека не мораат ништо да прават за тој однос да функционира.

3. Децата имаат потреба да можат да ги искусат сите емоции целосно и тие да бидат прифатени од страна на родителите.

4. Децата имаат потреба од слободна игра надвор — слободна игра, не време поминато со уреди, телефони, игри на интернет, туку слободна игра во природа. Тоа се најважните потреби на човечките суштества.


Значи, кога ќе се собере сè, на децата им е важно да се чувствуваат сакани и сигурни во односот со своите родители, да бидат прифатени такви какви што се од мама и тато, односно да не мораат да се грижат за нивниот однос, да ги чувствуваат своите емоции валидирани и да уживаат во слободната игра надвор. Кога сите овие потреби ќе бидат исполнети, малото дете може здраво да се развива и да ужива во своето детство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk