Овој појадок се смета за еден од најздравите, а и Македонците го обожаваат: Има природни масти и е одличен за сите кои сакаат да ослабнат

Кармин

02/10/2025

11:57

1.868

Големина на фонт

а а а

Палентата се подготвува со варење на пченкарното брашно во вода.

Како едноставна и минимално преработена храна сѐ почесто се наоѓа на менито на луѓето кои се свесни колку е важно во организмот да внесуваат здрави намирници.

Палентата содржи доволно минерали, нутриенти и витамини колку што на телото му е потребно.


Таа нема холестерол воопшто, а во својот состав има природни масти и токму тие се заслужни за нејзината моќ која ја подобрува работата на цревата.

Палентата е одлична за намалување на вишокот килограми затоа што влијае и на доброто и здраво варење на храната, особено во јакнењето на клетките на дебелото црево поради тоа што содржи растителни влакна.

Пченката е заслужна за сите овие благодати на вкусното јадење. Благодарение на неа, палентата има многу мал број калории, па поради тоа е идеален оброк за слабеење. Таа е една од најдобрите и најефикасни намирници кои се препорачува и во диетите.

Одлична за деца

Палентата е здрав оброк, којшто и малите деца го обожуваат, особено доколку се комбинира со јогурт или некој зеленчук. Овој оброк е идеален за деца затоа што спречува нагол пад на имунитетот.


Пожелна и во исхраната на спортистите

Ова јадење е корисно и за професионалните спортисти кои имаат два тренинзи дневно. По утринските тренинзи залихите на енергија во организмот треба да се обноват, па палентата тука многу помага.

Комбинацијата со млеко, јогурт или свежо сирење е одлична.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk