Шајло, ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит целосно го сменила имиџот, а папараците ја фотографирале додека шетала низ Менхетен.
Новите фотографиите повторно го отворија старото прашање на кого повеќе личи Шајло.
Сепак, имиџот бил во прв план, а Шајло ја сменила бојата на коса и сега е платинесто руса, па тоа беше првото нешто што го привлече вниманието, а потоа и сличноста со нејзините славни родители.
Како и вообичаено таа се појавила во лежерна комбинација, во широк дуксер, а имала и пирсинг на брадата, што е исто така уште една промена.
Инаку Шајло не се експонира премногу во јавност, а секој пат тоа било главно поради разводот на нејзините родители, но особено внимание привлече кога се откажа од презимето Пит и го задржа она на нејзината мајка, Џоли.
Новата промена на младата убавица ѝ прилега совршено, а многумина тврдат дека сега со посветла коса е уште поубава.
Шајло е совршен спој на Бред и Анџелина, а се чини дека го наследила најдоброто од нив и дефинитивно сличноста не може да ја скрие. Инаку таа има талент за танц, со кој се занимава, а како што пренесоа странските медиуми, најголемиот дел од времето го поминува во танц студио.