[ФОТО] 40 илјади кристали и 20 илјади солзи – оваа венчаница била круна во кариерата на Армани

Кармин

05/09/2025

13:00

956

Големина на фонт

а а а

На 2 јуни 2011 година во палатата во Монте Карло се одржала една од најочекуваните кралски венчавки – венчавката на принцот Алберт од Монако и поранешната олимписка пливачка Шарлин Витсток.

Светот желно ја очекувал венчаницата која новата принцеза ќе ја носи, а споредбата со популарниот фустан на Грејс Кели била неизбежна. Огромната одговорност била на модниот визионер Џорџо Армани, чиј потпис секогаш бил синоним за елеганција.


Величествен фустан полн со симболика

Шарлин избрала модерна и софистицирана венчаница со спуштени раменици, направена од луксузен сатен. Фустанот ги следел контурите на телото, додека пак краткиот вел бил надополнет со луксузен материјал којшто се спуштал на рамениците.

Целата креација била украсена со 40.000 Сваровски кристали и 20.000 солзи со цветни мотиви, создавајќи блескав бран.


Триумф на Џорџо Армани

Церемонијата на која присуствувале бројни угледни гости и претставници на кралското семејство била своевидна круна во кариерата на Армани.

Иако бил миленик меѓу светските ѕвезди уште од 80-тите години на минатиот век, сепак овој фустан му го обезбедил статусот на дизајнер којшто на Монако му дал нова, своевремена икона на стилот.


Модните критичари ја пофалиле креацијата, нејзината строга силуета која била целосно спротивна од романтичната визија на Грејс Кели со која Шарлин испратила јасна порака дека гради сопствен кралски идентитет, потпирајќи се на своето наследство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk