Откако беше откриено зошто се распаднал бракот на обожуваниот пар, таа дала емотивно интервју во кое не го обвинила никој, а тој ја продолжил врската со љубoвницата и не коментирал ништо... До сега.
Ума Турман и Итан Хок биле еден од златните парови до раскинувањето во 2004 година, кога било откриено дека актерот ја изневерувал сопругата и во тој момент една од најголемите сензации во светот на филмот затоа што филмот „Kill Bill“ бил свежо објавен.
Парот официјалнo се развел наредната година, по седум години брак во кои добиле две деца, а следеле две децении во текот на кои тие главно молчеле.
Меѓутоа, Итан Хок сега во интервјуто кое го дал за британското издание на магазинот „GQ“ го спомнал раскинувањето со Ума Турман и признал дека медиумското внимание кое овој скандал му го донел не било пријатно.
„Тоа беше речиси понижувачко, дури и кога кажуваат позитивни работи“, истакнал актерот за магазинот.
Откако актерката се развела од Гари Олдман, Ума и Итан се запознале на снимање на филмот „Gattaca“, а новинарите на британскиот магазин ги интересирало зошто актерите се заљубиле на сетот.
„Постои извесна интимност во нашата работа. Фантазирачка интимност“, вели тој.
„Имате чувство кое е опасно и возбудливо. Ви ја зголемува темпeратурата во животот. Како да се вљубувате во летен камп. Нема врска со секојдневието на вашиот реален живот. Во тоа е опасноста“, истакнал.
Една година откако започнала врската на Ума и Итан тие се венчале, па ја добиле ќерката Маја која денес е успешна актерка, а потоа и синот Левон.
Меѓутоа, Турман седум гoдини подоцна поднела барање за развод, а во медиумите се појавиле гласини дека сопругот ја изневерувал со дадилката на нивните деца, Рајан Шохујз.
Тој прво го негирал тоа, но ги потпишал документите за развод и почнал да се појавува со дадилката во јавноста, претставувајќи ја како негова девојка.
Ума била достоинствена и не го коментирала сето тоа.