Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, ја покажа својата летна трансформација за време на посетата на Природонаучниот музеј во Лондон.
Ја придружуваше принцот Вилијам, а воедно ова беше нивно прво појавување по летниот одмор.
Иако сме навикнати Кејт секогаш да привлекува внимание со својот изглед и внимателно одбраните модни комбинации, овој пат во центарот на вниманието беше нејзината коса.
Имено принцезата драстично го сменила својот имиџ и се појави со златни прамени и многу посветла нијанса на коса.
Според најлојалните обожаватели на кралското семејство, ова е досега најсветлата нијанса на коса што некогаш ја имала принцезата, но и најдолга. Сепак, не им се допаднала на сите.
„Никогаш немала толку грда коса“, „Изгледа оштетено“, „Ова сигурно е перика“, „Кејт, навистина лоши екстензии“, беа дел од коментарите.
Сепак, тешко е да се поверува дека една принцеза би се одлучила за толку лоша перика.
Но како и да е, се чини дека Кејт овој пат згрешила и дефинитивно не го оправдала епитетот на вечна модна инспирација.