[ФОТО] Ѕвездата на култната серија со години закрепнувала откако вереникот починал - сега повторно ја нашла среќата и чека бебе

Кармин

05/09/2025

09:40

749

Големина на фонт

а а а

Мишел Докери после големата трагедија која ја доживеала, ја пронашла новата љубов, а сега објавила и дека ќе стане мајка.

Британската актерка Мишел Докери (43), ѕвезда на серијата „Downtown Abbey“, среќната вест дека е бремена ја објави на црвениот тепих во Венеција.


Актерката се појавила во елегантен нежно син фустан со долги рамена којшто го истакнал нејзиното трудничко стомаче и било невозможно да не се забележи дека блеска и е пресреќна што ќе стане мајка.

Наизглед едноставниот фустан со должина до подот е впечатлива креација која е навистина привлечна.

Идната мајка носела чевли во иста боја на накитот, а косата ѝ била пуштена и го откривала нејзиното природно лице нагласено со природна шминка.

Мишел е во брак со Џеспер Волер Бриџ со којшто дошла на премиерата, а додека позирала пред фоторепортерите се држеле за рака и не ги тргале насмевките од лицата.


Тие двајца се венчале седум години по трагичната смрт на вереникот на актерката којшто починал како последица на опасна болест.

„Бевме верени и во срцето венчани. Така што се сметам за вдовица“, рекла актерката Мишел.

Џаспер и таа се запознаел преку заеднички пријатели додека престојувале на Филмскиот фестивал во Рим во 2019 година. Набрзо потоа се зближиле, а се вериле во 2022 година, сега го чекаат првото заедничко дете.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk