[ФОТО] Викторија објави разголени фотографии од Дејвид Бекам и интернетот „гори“: Луксузно летување на суперјахта и уживање

Кармин

04/09/2025

21:43

3.400

Големина на фонт

а а а

Дејвид Бекам (50) го покажал затегнатото тело додека на семејниот одмор во Италија позирал.

Фотографиите со своите следбеници на Инстаграм ги споделила неговата сопруга Викторија Бекам (51), откривајќи ги деталите од луксузното летување на нивната јахта од 16 милиони фунти.


Бекам бил расположен додека уживал на сонцето, а неговиот моден избор потсетил на потегот на неговиот син Круз (20) којшто претходно летово носел бели „Prada“ шорцови вредни 410 фунти.

Во вториот кадар, поранешната членка на „Spice Girls“ ја покажала неверојатната фигура на тело во црн мини фустан и цветна капа, додека позирала на јахтата со поглед кон Средоземното море.


Храна, вино и романтика во Италија

Бекам блескал со насмевката додека во Рим правел свежа паста заедно со Харпер, со чаша црно вино. Семејството уживало во италијанските вечери и романтичните зајдисонца, а Викторија сето тоа го заокружила со зборовите: „Совршен крај на летото“.

Сепак, најстариот син Бруклин (26) повторно изостанал од одморот, што дополнително ги „подгреало“ шпекулациите за несогласувањата во семејството.


Бекамови веќе подолго време не се гледаат со Бруклинн и неговата сопруга Никол Пелц кои неодамна ги обновиле брачните завети без присуство на нивното семејство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk