[ФОТО] Беше меѓу најубавите жени на планетата, а во 2013 година поради тешката болест исчезна – денес изгледа вака

Кармин

20/08/2025

16:05

1.271

Големина на фонт

а а а

Иако била на листата на „Forbes“ на најплатени манекенки на светот, ја нарекувале анти супермодел затоа што ја красела нетипична убавина.

Ја открил човек од една модна агенција додека била на концерт, а таа средба била пресудна за да стане супермодел. Иако во својата професија достигнала многу успех поради тешката болест била принудена да се повлече.

Шалом Харлоу осамнала на листата најплатени супермодели во 2007 година. Девoјкaта која само осум години претходно првпат заблескала на ревија на Александер Меквин успеала од своето име да направи институција.

Била една од миленичките на покојниот дизајнер Џани Версаче, а многумина ја паметат и како муза на брендовите „Шанел“ и „Диор“.

Нејзината убавина била забележана и на филмското платно.

Таа во 2013 година поради болест морала целосно да исчезне од светот на модата. Шалом поради комбинација на Лајмска болест и труење за малку ќе останела во инвалидска количка. Се обидувала да се лекува на различни начини, а во закрепнувањето, како што раскажала ѝ помогнала т.н. фекална трансплантација која помага цревната флора да се нормализира. За тоа првпат зборувала во 2020 година.

„Тоа беше првата во низа големи медицински интервенции кои ми го спасија животот“, изјавила тогаш Шалом.

Без оглед на тешкиот период, Шалом никогаш не го изгубила борбениот дух. Пред две години триумфално се вратила на модната писта.

Тогаш имала 48 години. На крилјата од старата кариера таа почнала да гради нова, еднакво блескава и импресивна кариера. Враќањето на магичната Шалом било дочекано со воодушевување.

„Многу сме среќни што Шалом се врати во IMG Models. Таа е дефиниција за супермодел, инспиративна, автентична и секогаш чекор пред сите. Нејзината посветеност на холистичкото здравје и желба со својата работа да ги инспирира другите се навистина фасцинантни“, изјавил Иван Барт, директор на модната агенција.

Денес Шалом не е само светски позната манекенка, таа е олицетворение на истрајноста, внатрешната моќ и енергија со која плени.

Враќањето во светот на модата и приказната за личното закрепнување покажала дека вистинската сила на жените не е во нивниот надворешен изглед туку во нивната енергија, ментална сила, волја и способност.

За магичната Шалом убавината е нешто што доаѓа однатре во состав со духот и телото, а токму таа денес претставува жива потврда за тоа уверување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk