[ФОТО] Потегот на босанската актерка поради кој ги привлече сите погледи на Сараевскиот фестивал: Сите гледаа во нејзините стапала

Точка

20/08/2025

13:48

680

Големина на фонт

а а а

Босанската театарска, филмска и телевизиска актерка Мона Муратовиќ привлече внимание на црвениот килим на Сараевскиот филмски фестивал со невообичаен потег – наместо чевли, се појави боса.

За оваа пригода, таа избра долг елегантен бордо фустан, но причината зошто одлучила да прошета без чевли е непозната.




Таа позираше со сопругот

Муратовиќ се појави на фестивалот во друштво на сопругот, водителот Данко Делибашиќ, кој носеше класично сиво одело.



Тие се познати како еден од најхармоничните парови во Босна и Херцеговина, а заедно добија две деца, ќерката Ливија и синот Виг, додека Мона има и син, Акин, од претходен брак.


Инаку Мона дипломирала глума на Академијата за сценски уметности во Сараево, а студирала и историја на уметност и компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Сараево.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk