„Валспар“, еден од најпознатите произведувачи на бои кој ги диктира трендовите, штотуку ја прогласи бојата за 2026 година.
Инспирирана од носталгијата и природата, дизајнирана е да внесе мир, удобност и безвременски стил во секој простор.
Дизајнерите предвидуваат дека таа ќе доминира во домовите и на социјалните мрежи во наредните 12 месеци.
По анализите на многуте податоци кои се земаат предвид, однесувањето на потрошувачите и трендовите во уредувањето, откриле дека победничката боја е топла боја на евкалиптус, односно нежно зелената боја.
Брендот во соопштението за медиумите споделил дека топлата евкалиптус боја ја одржува колективната желба за мирен, темелен дизајн којшто се приспособува со променливото темпо на живот во станбениот и комерцијалниот дизајн.
„Топлиот евкалиптус е повеќе од само прекрасна нијанса на зелена боја, тоа е одраз на удобноста која ја сакаме во нашите домови“, вели Су Ким, директорка на маркетинг за бои во „Валспар“.
„Нејзините топли поттонови создаваат темелно, пријатно расположение, а инспирација црпат од природата и познатиот ретро дизајн. Ова е боја која потсетува на обнова и отпорност“.
Според зборовите на Ким, на изборот во голема мера влијаел значајниот раст на семејството на зелени бои забележан во базата податоци во брендот, заедно со увидите од продавачите и консултантите за бои.
„Таа буквално нѐ опкружува каде и да живееме и релевантна е и позната. Потребна ни е стабилност и потребно ни е опуштање“.
И носталгијата веќе подолго време е во тренд – гледаме назад за да ја планираме иднината.
„Сакавме да го истакнеме традиционалниот, повеќе наследен агол низ жалфијата и топлите тонови. Сакавме да ги истакнеме оние работи кои ги опфаќаат спомените и вашиот дел од тоа наследство кое се пренесува во вашето семејство. Самата боја навистина ја слави таа носталгична нота“.