[ФОТО] Оваа жена има 1.000 најубави фустани, а секој е подобар од претходниот

Точка

11/08/2025

08:26

1.686

Големина на фонт

а а а

Кралицата Летиција го поминува летото на Мајорка со семејството, а нејзините најнови фотографии се само уште еден од милион докази дека таа е најдобро облечената жена во Европа.

Иако е на одмор, Летиција успеа да изврши некои кралски должности, односно беше во посета на изложба, а ги шармираше сите со своето модно издание.


Дури и кога ќе се појави во лежерни, секојдневни комбинации, Летиција држи стилска лекција. Овој пат се појави во розов фустан од модната куќа Хуго Бос, а интересно е што претходно не сме ја виделе во него, со оглед на тоа што кралицата е позната по тоа што ја „рециклира“ својата гардероба.

Овој модел на фустан во А-крој, беше памучен и лелеав, а деколтето во форма на срце го направи уште поинтересен.


Овој фустан на кралицата Летиција ќе ѝ прилега секоја жена бидејќи совршено ги прикрива сите недостатоци и создава илузија на подигнат струк, со што ја ослабува секоја фигура.


Кралицата фустанот го комбинираше со едноставни еспадрили и уште еднаш ги покажа своите модни вештини.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk