[ФОТО] Кетрин Зета Џонс изгледа премоќно во креацијата која е комбинација на мрак и романтика: Оваа жена е класа и навистина ѝ нема рамна

Кармин

06/08/2025

17:31

707

Големина на фонт

а а а

Планетата овие денови е во знакот на втората сезона од хит-серијата „Wednesday“, која на малите екрани пристигнува на 6 август, носејќи со себе морничави кукли, страшен карневал и мистериозно убиство.

А со главната хероина се враќа и нејзината мајка, Мортиша Адамс, односно Кетрин Зета Џонс. Прекрасната Велшанка вредно го промовира новиот проект, а токму што се појави во Њујорк, каде што гостуваше во популарната емисија „Good Morning, America“.


Црното ѝ прилега совршено – целосно се соживеала со улогата, коментирале присутните пред зградата во која неодамна се пресели студиото на најдолговечната американска утринска програма. Сè застана кога на тротоарот зачекори лично Мортиша и, со поглед скриен зад темни очила, накратко го покажа совршениот стајлинг. Кетрин Зета Џонс (55) навистина фантастично носи сè што е црно, а овојпат изгледот бил омекнат со интересни цветни детали.

Убавата актерка се одлучила за креација од брендот „Yanina Couture“, од колекцијата за пролет 2023. Комбинацијата ја сочинуваат црн структуриран блејзер и здолниште со молив-крој, украсено со мотив на булки. Цветниот принт не бил случаен. Имено, тоа е мал знак на почит кон Мортиша – голема љубителка на цвеќето и градинарството, која својата пасија ја покажуваше уште во оригиналната серија за чудната фамилија Адамс.

Елегантно и ефектно, како што сме навикнати од убавата „оскаровка“, која аутфитот го комплетирала со црвени стилето чевли од брендот „Casadei“, храбар модел со висока потпетица од кален челик, која на приказната ѝ дава сила и посебен карактер.

Кога ќе го чуете името Кетрин Зета Џонс, веднаш ќе помислите на чист, исконски гламур каков што светот ретко го гледа во последно време, но и на софистицирани модни изданија што малкумина умеат да ги носат како што треба.


Пред неколку дена во Лондон ја видовме во сосема поинаква, вамп креација – провокативна, црна, во согласност со амбиентот и мрачната атмосфера на приказната за „Wednesday“.


Интересен црн фустан, испреплетен со светки, со леопардски детали, го следел обликот на телото, а за дискретна (и малку поголема) доза сексапил се погрижиле отворениот грб и длабокото деколте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk