Босанско-херцеговачкиот актер Мираj Грбиќ, најпознат по улогата на Чомбе во серијата „Луд, збунет, нормален“, е на летување во Хрватска со семејството.
Мираj со сопругата Марија Омаљев и нивните деца, ќерката Били и синот Ривер, го посети Ровињ. Од таму се јави со фотографија која ги насмеа неговите следбеници.
„Децата ми се качија на глава“, напиша тој во описот на фотографијата на која децата седат и стојат на неговите рамена.
Мираj неодамна ја загуби мајка си, а од неа се прости со објава на социјалните мрежи.
„Ти беше најдобрата мајка што некој може да посака, пожртвувана, но никогаш жртва, роден победник и водач, најсилниот ветар во грбот на своите сакани, позитивна енергија на вистинска љубов и вера без кои мојот брат и јас немаше да бидеме ни половина од она што сме сега.
Драга мајко, во нашиот последен разговор неколкупати ми рече дека ме сакаш. И ти благодарам за уште еден ветар во грбот што ми го даваше безусловно. Сега си слободна и сигурен сум среќна, затоа што нема болест што го потиснува твојот енергичен дух. Оставаш само спомен на поддршка и убави зборови, и ако некаде блесне твојот црвен прамен, тоа ќе биде фатаморгана на една мајчинска љубов каква што треба да биде. Те сакам“, напиша тој.
Да потсетиме, актерот со потекло од Босна и Херцеговина веќе некое време живее и работи во САД заедно со сопругата и семејството. Миран Грбиќ и Марија Омалијев се венчаа во 2008 година, а пет години подоцна го напуштија Сараево и започнаа нов живот во Лос Анџелес.