„Неговото богатство со мене завршува“: Еве што ќе направи сопругата на Стив Џобс со милијардите кои ги наследи – нивните деца нема да видат ни цент

Кармин

28/07/2025

15:21

3.743

Големина на фонт

а а а

Основачот на „Apple“, Стив Џобс, почина во 2011 година, оставајќи го своето огромно богатство на сопругата Лорен Пауел Џобс.

Дел од наследството го сочинувале значајниот удел во „Apple“ и „The Walt Disney Company“, но Лорен со својата деловна мудрост успеала дополнително да го зголеми богатството низ бројни инвестиции и потфати.

Дека Лорен е исклучително амбициозна жена се покажало уште во 2011 година кога ја основала компанијата „Emerson Collective“, посветена на вложување во образованието, заштита на животната средина и реформа во имиграциската политика.


Во 2017 година дополнително го изненадила деловниот свет, преземајќи 70 отсто од сопственоста во престижното списание „The Atlantic“ со што станала сопственичка и претседателка на таа медиумска куќа, а покрај тоа управува и со помал удел во „Monumental Sport“, компанијата која е сопственик на НБА тимот Вашинтон Визардс и други.

Благодарение на овие деловни потфати, но и сето она што го наследила по смртта на Стив Џобс, богатството на Лорен денес се проценува на нето вредност од дури 12, 1 милијарда долари. Меѓутоа, без оглед на тоа, таа повеќе пати истакнала дека тоа богатство ќе „заврши“ со неа.

Во интервју јасно дала до знаење дека парите планира да ги искористи првенствено за филантропски проекти низ „Emerson Collective“, наместо да го остави огромното наследство на нивните деца – Рид, Ерин и Ив, како и ќерката на Стив од претходната врска, Лиси Бренан Џобс.


Лорен нагласила дека сака своите милијарди да ги дистрибуира на начин којшто трајно ќе помогне на поединци и заедници.

„Не ме интересира создавањето наследно богатство и тоа го знаат моите деца“, изјавила за „NYT“ во 2020 година и додала:

„Ниту Стив не го сакаше тоа. Доколку живеам доволно долго, неговото богатство ќе заврши со мене“.

Додала и дека смета дека е неправедно поединци да собираат богатство еквивалентно на милиони други луѓе заедно и нагласила дека наследила богатство од сопругот кој никогаш не сакал да го „собира“ богатството.

Лорен и Стив биле во брак 20 години, од 1991 кога се венчале на интимна церемонија. Се запознале на „Stanford Graduate School of Business“ каде Лорен студирала, а Џобс ѝ држел предавања.


Стив раскажал дека една вечер помислил: „Доколку ова ми е последна ноќ на светот, сакам да ја поминам со неа“.

Нивните деца денес се успешни во работата која ја работат. Најстарата ќерка Лиса е писателка. Рид работи како инвеститор во фондот насочен на истражување на канцерот, додека пак најмладата ќерка Ив е истакнала јавачка и модел. Другата ќерка Ерин се крие од јавноста и не се знае многу за нејзините стапки по кои оди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk