[ФОТО] „Улета у тавче македонскиот комита“: Се ожени Стефан од „Некст тајм“, белграѓанката Тинеа блесна како невеста

Точка

21/07/2025

12:00

3.535

Големина на фонт

а а а

Пејачот на популарното македонско дуо „Некст тајм“ „скокна во тавче“. Стефан Филиповски се ожени со својата долгогодишна девојка, белграѓанката Тинеа.

По околу една година од нивната веридба, овој пар одлучи да ја круниса својата љубов и со црковна церемонија, но и да ја прослави со своите роднини и пријатели.

Тие се венчале во Соборниот храм во Скопје, а и двајцата не ги симнувале насмевките од своите лица на овој за нив важен ден.


На свадбената церемонија и двајцата блескала. Невестата елегантна и достоинствена, носела прекрасна долга венчаница со детали од тантела, а од накит избрала да носи дискретен ѓердан додека пак косата ѝ била пуштена и малку навиткана. Од друга страна Стефан одлучил да носи елегантен смокинг којшто навистина одлично му стоел.


Од јавните личности кои присуствувале на свадбената веселба, прв на социјалните мрежи им честитал Бојан Јовановски – Боки 13, којшто објавил фотографии од младенците и напишал:

„Вечни да сте, благословени и полни со љубов и почитување. Забавата може да почне“.

На социјалните мрежи фотографија со младенците објави и Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово, под која напиша:

„Улета у тавче македонски комита! Честитки Тинеа и Стефан, да сте ни живи и здрави, успешни и среќни“.

Улете у тавче македонски комита!

- Честитки Тинеа и Стефан, да сте ни живи и здрави, успешни и среќни...😘

#NexTime

Posted by Maksim Dimitrievski on Saturday, July 19, 2025

Тимот на „Точка“ им го честита крунисувањето на љубовта во брак на Стефан и Тинеа, до вечноста!