Поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер без пардон ја покажува својата нова љубов во Грција. Како само можеше да ја повреди мајката на своите три деца, прашуваат германските медиуми.
Едвај три месеци поминаа откако списанието „БУНТЕ“ ексклузивно ја објави веста за крајот на љубовта помеѓу поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер (40) и поранешната српска тениска ѕвезда Ана Ивановиќ (37). По девет години брак и три деца заедно, поранешната двојка од соништата одеднаш тргна секој по својот пат.
А за крахот на бракот е виновен Бастијан, кој веќе беше уловен со својата нова девојка.
Сега споменатото германско списание напиша статија под наслов: „Бастијан Швајнштајгер – што ѝ прави на Ана!“.
Текстот, инаку е главен на насловната страница од печатеното издание на ова списание. На фотографиите од списанието се гледа како Бастијан со новата девојка ужива на лежалки на плажа во Грција.
За многумина, веста за разводот на Ана и Бастијан дојде како шок. Никој не сакаше да поверува во тоа, бидејќи според надворешниот впечаток тие изгледаа како совршен пар од светскиот спорт. Иако ниту Ана ниту Басти официјално не го објавија крајот на нивниот брак досега, Швајнштајгер се појави на Мајорка во јуни во интимна прегратка со својата нова девојка.