[ФОТО] Ќерката на актерот Гоце Тодоровски со емотивна и искрена порака: „Легендо моја и македонска, ниту национална пензија не ти дадоа“

Точка

18/07/2025

14:29

16.263

Големина на фонт

а а а

Македонија е мала земја. Јавната сцена, исто така. Но сепак, имаме големо културно наследство и луѓе кои се заслужни за истото. Една од најголемите актерски легенди, која зад себе остави безброј ТВ серии, театарски претстави, филмски улоги, а несомнено најмногу е познат по македонските народни приказни – е актерот Гоце Тодоровски.

Гоце, иако повеќе од 40 години придонесуваше за македонската култура и уметност – е познат како скромен и мирен човек, кој никогаш не го одликувала надменост или пак конфликти со било кого. А веројатно и премолчувал неправди со кои бил соочуван во децениите за време на професионалната кариера. Па, и сега – откако е пензиониран.


Но, на социјалните мрежи осамна објава од неговата ќерка, Сашенка Тодоровска, каде што таа го изразува својот револт и разочараност кон Владата и тоа што нејзиниот татко е заборавен од истата.

Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Сашенка го изрази својот револт поради тоа што, иако нејзиниот татко има нарушено здравје и зад себе оставил огромно актерско наследство, покрај бројните признанија и награди, не бил удостоен со национална пензија.


„Легендо моја и на целиот македонски народ! На фотографијава си на почетоците на твојата кариера, половина век го посвети на народот, пораснаа со тебе луѓето на врвот, татко мој. Национална пензија не ти дадоа, само признанија, наградички за животни дела, колекционер на хартија стана, зарем не е срамота? Народот е во заблуда, Гоце Тодоровски живее од пензија 36 илјади денари. Зарем зависиш кој е на власт?

LEGENDO MOJA I NA CELIOT MAKEDONSKI NAROD!!!NA FOTKAVA SI PRED 40 I KUSUR GODINI POČETOCITE NA TVOJATA KARIERA..POLA VEK...

Posted by Sashenka Todorovska on Tuesday 15 July 2025

За пола век на сцена, немам коментар, болката твоја ме боли, татко мој ме боли што се даде безусловно, те делев цел живот со македонскиот народ, и сè уште даваш иако здравствено не си добар. Милостина бараш од истите тие кои ги порасна, а не си заслужен за достоинствен живот, секоја чест за културната политика. Срам врз срам, се што е квалитетно нема вредност повеќе“, напиша Сашенка.