Дали го слушате вашиот внатрешен ритам? Втора година по ред, dm drogerie markt преку својот поткаст „Женски ритам“ прави простор за отворена, искрена и информативна дискусија која ќе ѝ помогне на современата жена да пронајде одговори на прашањата со кои често се соочува. Од разговори за менструалниот циклус, па се’ до длабока внатрешна интроспектива која преиспитува се’ што сме знаеле за хормоните, емоциите и внатрешните процеси.
Во текот на новите шест епизоди од втората сезона на „Женски ритам“, водителката Живкица Каленикова разговара со врвни експерти од полето на женското здравје, нутрицијата, физичкото здравје, но и со психолози, писателки и жени од секојдневието, на темите кои сигурно ќе ги заинтрираат гледачите и особено жените кои сакаат да дознаат нешто повеќе за женскиот агол на светот во кој живеат.
Оваа сезона започна со разговори за физичкото здравје или поточно физичката активност како дел од секојдневната грижа за себе, за веќе во втората епизода да се сврти навнатре и да ја натера секоја жена да се увери каква убавина крие во себе.
Се чини дека животот на жената секојдневно се полни со се’ повеќе и повеќе обврски, па токму оваа „хронична зафатеност“ беше во фокусот на третата епизода од поткастот „Женски ритам“. А веќе во следната, четврта епизода, водителката и соговорничките разговараа за различните улоги на жената во современиот свет – колку од нив се вистински, а колку од нив се наметнати од општеството?
За менструалното здравје и понатаму се зборува тивко и скришно, иако тоа одамна требаше да престане да биде табу тема. Но, dm drogerie markt редовно ја акцентира оваа тема како многу важна во нашата заедница – не само преку проектот #НикогашПовеќеСама со кој донираше диспензери со бесплатни влошки за факултетите во земјата, туку и со отворен разговор за тоа што е менструална хигиена и како да се обезбеди менструална правда за секоја девојка во земјата.
Во петтата епизода се обработува токму менструалното здравје и неговиот ефект на животот на жената. Токму во оваа епизода може да се слушнат многу интересни размислувања на темата „Дали менструалниот календар ни го диктира животот?“. Ова претставува и добра најава за финалето на сезоната, кое ја обработува исклучително специфичната тема на плодност и предизвиците околу неа. Со голема храброст и одлучност, гостинките разговараат за емоционалните и физичките промени со кои се соочува жената и нудат корисни совети за подобро разбирање на плодноста и неплодноста.
Втората сезона на поткастот „Женски ритам“ на dm drogerie markt ви носи повеќе од шест часа разговори и дискусии за прашања кои се дел од секојдневието на секоја жена, со цел да ја поттикне отворената и здрава дискусија во заедницата. Дури и на оние теми кои на прв поглед делуваат премногу деликатни...
Погледнете ги епизодите од втората сезона на поткастот „Женски ритам“, кои се достапни само на YouTube каналот на dm drogerie markt Македонија.