[ФОТО] Во влечки и бермуди: Новак Ѓоковиќ на каса во маркет во Црна Гора

A1ON.MK

21/07/2025

17:11

1.669

Големина на фонт

а а а

Најдобриот светски тенисер – Новак Ѓоковиќ (38), одмора во Црна Гора со своето семејство и е фотографиран како пазарува на каса во супермаркет.

Во бела маица со подигната јака, бермуди и влечки, тој пазарува и ја плаќа сметката со насмевка, сигурно свесен дека го фотографираат.

Новак овие денови е повеќе посветен на себе, на своите најблиски и на заедничкиот одмор.


Во неделата беше официјализирана информацијата дека нема да се натпреварува на претстојниот Мастерс во Торонто, кој ќе започне за една недела.

Очигледно е дека на Ѓоковиќ му треба повеќе време за себе и за да ја обнови енергијата по големите напори на Вимблдон, каде што го заврши учеството во полуфиналето против Јаник Синер.

Додека не се официјализира неговиот следен тениски чекор, Новак ќе ги полни батериите во Црна Гора.