Потресна тајна на славниот актер која ги расплака сите: Во моментот кога умирал, Робин Вилијамс го снимил најубавото видео за тешко болно дете и го „излекувал“

Точка

21/07/2025

08:48

1.509

Големина на фонт

а а а

Не е тајна дека Робин Вилијамс беше еден од најсаканите актери на сите времиња, но дури по неговата смрт била откриена една голема тајна.

Неколку недели пред да почине во 2014 година, Робин Вилијамс снимил кратка видео-порака за тешко болно девојче кое никогаш не го запознал.

Нејзините родители го замолиле само за една едноставна порака, можеби автограм или неколку зборови, но Робин направил нешто неверојатно.

Пред камера тој ги оживеал ликовите: гусар, батлер, слатко момче. А потоа тивко рекол: „Продолжи да се смееш, во ред? Насмевката е најдобриот лек“, и ѝ испратил бакнеж.

Девојчето го гледало видеото секоја вечер, се смеело со него, го стискала таблетот. Она што никој не знаел е дека Робин во тој момент тивко се борел со деменција, злобна болест која му го зела помнењето, сонот и чувството на реалност.

И, додека однатре се распаѓал, успеал да најде сила и да „излекува“ некој друг. Без камера, без медиуми – само чиста добрина.

Тоа видео кое подоцна го споделило семејството на девојчето, покажува каков човек тој бил во суштина: човек којшто давал сѐ, дури и кога ништо не му останало.

Да ве потсетиме, Робин Вилијам почина на 11 август 2014 година. Јавноста прво веруваше дека боледува од депресија, но подоцна преку аутопсија било потврдено дека имал телесна деменција, невродегенеративна болест слична на Алцхајмер, но многу побрзо се развивала и била потешка. Болеста предизвикала халуцинации, губење на помнењето, нарушување на сонот и збунетост.


Неговта сопруга Сузан подоцна говорела дека Робин бил свесен и дека „нешто сериозно не било во ред“, но не знаел точно што. Сепак, дури и во таа состојба, останал верен на својата природа, да биде утеха на другите.