Љубовта на еден од најпознатите парови на светот трае 27 години, а тие ни денес не можат да побегнат од коментарите дека кај Доналд неговата сопруга најмногу ја привлекува неговото богатство.
Меланија Трамп, првата дама на Америка, од почеток на љубовта со актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, привлекува внимание поради разликата во годините.
Откако престанале да ја кријат љубовта, парот го следеле шпекулации дека некогашната словенска манекенка со бизнисменот е поради неговото богатство, а во едно интервју Меланија директно ја прашале дали тоа е вистина.
„Знаете, луѓето кои зборуваат за мене не ме познаваат. Не знаат која сум“, изјавила таа за „ABC News“.
На коментарот од новинарот дека „нема многу 26-годишни супермодели во прегратки на 53-годишни автомеханичари“, таа одговорила:
„Не можете да спиете, да се прегрнувате, да разговарате со убавите работи. Со убав стан, авион или автомобил. Тие работи не ве интересираат. Може да се почувствувате многу празно. Доколку некој каже дека со него сум затоа што е богат и познат, тоа е затоа што не ме познава“.
Во истото интервју Меланија ја прашале дали може себеси да се замисли во улога на прва дама, а таа рекла дека може и дека верува дека би била многу традиционална прва дама на САД, како Џеки Кенеди.
„Би го поддржала, би ги прифатила своите општествени обврски и би била покрај него“, изјавила Меланија и додала дека би ја прекинала манекенската кариера во тој случај.
Меланија и Трамп се заедно од 1998 година, а се венчале во 2005 година, по седум години врска.
Една година по венчавката го добиле синот Барон, додека Трамп има четири деца од претходните бракови.