Светот во голема мера зборува за новата холивудска романса меѓу Остин Батлер и Зои Кравиц. Сепак, тие сè уште мудро молчат …
Актерката Зои Кравиц и актерот Остин Батлер беа фотографирани заедно во Њујорк, каде што, според пишувањата на медиумите, уживаа во слободен викенд.
Како што истакнаа повеќе извори, актерите присуствуваа на претставата „Viola’s Room“, по што „побегнаа“ од очите на јавноста.
Zoe Kravitz, Austin Butler spotted out together at immersive NYC show after sparking romance rumors https://t.co/10UpuJSc7a pic.twitter.com/2f0WZPMGry
— Page Six (@PageSix) July 20, 2025
Да потсетиме, парот на почетокот на април оваа година ги започна гласините за потенцијална романса. Дури и некои извори блиски до глумците го коментираа нивниот однос.
„Добро се согласуваат, а хемијата е подеднакво добра зад камерите како и пред нив“, вели еден извор.
Врската на Остин и Зои доаѓа како вистинско мало освежување, бидејќи актерите претходно беа во долги љубовни врски.
Додека Батлер беше лудо заљубен во манекенката Каја Гербер, ќерката на некогашниот топ-модел Синди Крафорд, Зои беше свршена со холивудскиот шармер Ченинг Тејтум.
Тие двајца минатата година ја раскинаа свршувачката.