Сопругот на актерката Дениз Ричардс, Арон Фајперс, кој е обвининет за семејно насилство, тврди дека актерката го претепала, затоа што ја открил дека го изневерила.
Еден ден откако актерката Дениз Ричардс го обвини сопругот Арон Пајперс дека ја претепал, поради што побара и забрана за приближување, се огласи и тој.
Фајперс, сè уште законскиот сопруг на поранешната сопруга на Чарли Шин, ги откри деталите од нивната жестока расправија што се случила на 4 јули, по што тој поднел барање за развод.
Како што изјави, нејзината афера стои зад скандалот, за што има и докази.
Aaron Phypers accuses Denise Richards of cheating after she makes explosive abuse claims https://t.co/UaO4vTSNGA pic.twitter.com/ZCLpcupbhi
— Page Six (@PageSix) July 19, 2025
„За врската на Дениз со друг маж првпат дознав на почетокот на годината, кога на нејзиниот компјутер најдов СМС-пораки меѓу нив двајца“, рече Фајперс, додавајќи: „Исто така, најдов неколку заеднички фотографии“.
Други пораки укажуваа дека неговата сопруга и љубовникот се обидувале да закажат состанок во хотел, каде што таа сакала да се обиде да го прошверцува во својата соба.
„Ја соочив Дениз за аферата, но сепак решивме да останеме заедно сè додека големата кавга за време на викендот на 4 јули не ме натера да поднесам барање за развод“, рече тој.
Да потсетиме, Дениз тврдеше дека кавгата започнала со тоа што Арон вербално ја навредувал и барал да му го предаде телефонот.
Сега Фајперс вели дека ова е делумно вистина:
„Мојот телефон исчезна и не можев да го најдам повеќе од еден ден, а кога ја прашав Дениз за тоа, таа почна да ме удира и да ме гребе. Подоцна го најдов телефонот скршен, во контејнерот за рециклирање“, рече Фајперс, додавајќи: „Верувам дека ми го скршила телефонот, бидејќи содржел фотографии од пораки што докажуваат дека ја продолжила аферата“.
Denise says Aaron ‘tried to kill me’—now she’s got a restraining order. The photos are heartbreaking. https://t.co/0Z9PRI6K9Q (📸: Superior Court of California/MEGA) pic.twitter.com/hgzejZzAI1
— Radar Online (@radar_online) July 17, 2025
Според него, Дениз тој викенд ѝ испратила порака на неговата мајка информирајќи ја дека се разведува од нејзиниот син.
„Затоа решив прво да ја престигнам и да поднесам барање за развод“, додаде тој.
Како што е познато, барањето за развод на овој холивудски пар беше поднесено во понеделник, 7 јули, наведувајќи ги непомирливите разлики како причина.
Во исто време, тој побара од Дениз алиментација, а таа сè уште не се изјаснила за тоа.
Во меѓувреме, актерката изнесе сериозни обвинувања за злоупотреба од страна на Арон и забрана за пристап.
Во документите, таа тврдеше дека Фајперс поседувал неколку нерегистрирани оружја и го обвини дека ја удрил со глава на закачалка за крпи, што ѝ оставило ужасна модринка над окото.
Тој негираше дека ја допрел и рече дека таа претрпела повреда на окото кога се појавила пијана во неговата канцеларија и паднала.
Судијата ја одобри забраната за приближување поради семејно насилство од странана Арон.
Фајперс истакна дека Дениз го прикажала како негативец затоа што знае дека би изгледала многу полошо ако луѓето дознаат за нејзината прељуба.
Очигледно, освен аферата, овој пар се соочил со голем број други проблеми, бидејќи во меѓувреме, Арон споделил фотографии за кои вели дека се направени во нивниот заеднички дом, кои покажуваат целосен хаос.
Тој исто така изјави дека неговите ќерки и тој морале постојано да се грижат за Дениз и нејзините животни.
Фајперс ги негираше сите тврдења за физичко и емоционално злоупотребување и инсистираше дека секогаш се однесувал кон Дениз со најголема љубов и почит.
Тој додаде: „Ја сакам Дениз и се надевам дека ќе добие соодветна помош бидејќи е во многу лоша ментална состојба овие денови.“
Актерката јавно не ги коментираше неговите тврдења – барем не засега.