Професор од Оксфорд откри морничава тајна за ChatGPT: „Не доверувајте му се, еве каде завршува сѐ што ќе му напишете“

Точка

15/07/2025

14:00

1.220

Големина на фонт

а а а

Додека милиони корисници ширум светот ја отвораат душата пред ChatGPT, еден водечки британски експерт за вештачка интелигенција предупредува – она што изгледа како пријател во дигитална форма може скапо да ве чини.

Вештачката интелигенција можеби денес делува како совршен сопатник за решавање проблеми, од домашни задачи до емотивни бродоломи, но вистината е далеку посложена и помрачна.

Професор Мајк Вулриџ од Оксфорд изјавил: „ChatGPT не ве разбира, не се сочувствува со вас и што е најважно не го заборава она што ќе му го кажете“.

Сѐ повеќе луѓе го користат AI како терапевт, советник, па дури и како дигитален исповедник. Но, знаете ли навистина каде завршуваат вашите зборови?


Тајните кои ги споделувате со светот – без ваше знаење

„Системот е проектиран да учи, и тоа од она што вие го пишувате“, вели Вулриџ.

„Внесувате лични податоци, мисли, ставови? Можеби токму со тоа ја храните следната верзија на овој модел, а не сте свесни за тоа“.

Она што многумина го забораваат е дека ниту еден збор којшто ќе го напишете не исчезнува. Во ера кога податоците се валута, вашите најинтимни признанија можат да станат дел од дигитално бараниот материјал, без ваше знаење и без ваша согласност.

Италија е меѓу првите земји која во 2023 година забрани користење ChatGPT поради сериозни сомнежи во злоупотребата на лични информации.

Италијанскиот регулатор предупредил дека AI системот користи податоци од корисниците, вклучувајќи податоци за плаќање, за тренирање без законска основа.


Цената која ја плаќаат луѓето кои не ги гледате

Зад „паметните“ одговори се крие друга, речиси невидлива приказна, таа за работниците од сиромашните земји кои, како што наведува „Time“, биле принудени да читаат илјадници описи на најбрутално насилство, сексуално злоупотребување и расизам, за да ги тренираат AI моделите да ги препознаваат и филтрираат штетните содржини.

„Ова не се само линии на кодови“, вели Вулриџ, па додава: „Ова се производи на работа на луѓе кои поминале низ психички исцрпувачки материјали за да го создадат она што вие сега го сметате безбеден дигитален советник“.

Нема срце, нема душа, нема одговорност

Најголемата заблуда, како што тврди професорот е антропоморфизацијата на алатот како ChatGPT.

„Тоа не е ваш пријател. Тоа е алгоритам. Никогаш не почувствувал болка, страв, љубов или срам. Тој не знае како е тоа да се биде човек. Тој знае како да ве убеди дека знае“.

Во светот во којшто емоционалните врски се основани на разбирање, безчувствителната машина може да биде и повеќе од опасна.


Двапати размислете пред да кликнете „испрати“

Професорот Вулриџ заклучил: „Замислете дека она што денес ќе го напишете ќе заврши како дел од системот кој утре ќе одговара на некој друг. Доколку тоа не би му го кажале на некој непознат човек којшто ќе го сретнете на улица, тогаш не кажувајте му го ниту на ChatGPT“.