НАСА создаде тајмлапс снимка: Ова се најблиските фотографии од Сонцето направени за време на историското прелетување на сондата Паркер

Точка

14/07/2025

22:01

374

Големина на фонт

а а а

Сондата „Parker Solar Probe“ направи фотографии и други податоци од короната на Сонцето за време на рекордно блиското приближување минатата година.

Сондата „Parker“, која ѝ припаѓа на американската вселенска агенција НАСА, влезе во историјата во декември минатата година со најблиското приближување до Сонцето, а фотографиите што ги направи сега се објавени.

НАСА објави тајмлапс снимка од фотографии направени од „Wide Field Imager for Solar Probe“ (WISPR) додека сондата минувала низ короната на сонцето (надворешната атмосфера) на 25 декември 2024 година, откривајќи одблизу како функционираат сончевите ветрови кратко по нивното испуштање.

Сондата ги направила овие слики од растојание од нешто повеќе од 6 милијарди километри од површината на сонцето.

За време на приближувањето, сондата добила невиден поглед на сончевиот ветер и короналното исфрлање на масата (CME), што би можело да биде непроценливо за нашето разбирање на вселенското време.

„Сведоци сме каде почнуваат заканите од вселенското време за Земјата, гледајќи го тоа со свои очи“, соопшти НАСА.

По прелетувањето во декември, „Parker Solar Probe“ го изедначи своето рекордно растојание од површината на Сонцето во последователните прелетувања во март и јуни. Следното прелетување се очекува на 15 септември.