Во училиште го обвинувале дека мами бидејќи никогаш не сретнале некој што може да му парира: Таткото на физиката почина во беда поради лоши инвестиции

Точка

10/07/2025

16:51

1.070

Големина на фонт

а а а

Никола Тесла беше брилијантен пронаоѓач, инженер и физичар, а неговите експерименти и истражувања засекогаш го променија светот.

Роден на 10 јули 1856 година во Смиљан, кој тогаш бил дел од Австро-Унгарската монархија, Тесла бил четврто од петте деца. Уште како ученик открил дека поседува фотографска меморија – што значи дека можел да задржи големо количество информации многу подолго од своите врсници. Тоа често го доведувало во проблеми, бидејќи наставниците мислеле дека препишува.

Во 1875 година се запишал на Австрискиот политехнички институт во Грац, каде што првата година бил одличен студент. Но, подоцна станал зависник од коцкањето, по што неговиот успех почнал да опаѓа. Го напуштил училиштето во 1878 година. Во 1880 година присуствувал на неколку предавања на Универзитетот Чарлс-Фердинанд во Прага, но било предоцна за формално запишување.


По заминувањето од Прага, работел во телеграфска компанија во Будимпешта, а потоа се преселил во Франција во 1882 година, каде што се вработил во Континенталната компанија на Едисон. Во јуни 1884 година емигрирал во САД со препорака од реномираниот пронаоѓач Чарлс Бачелор, кој му напишал на Едисон: „Ги познавам двајцата најголеми луѓе – едниот сте вие, другиот е овој млад човек.“ Благодарение на тоа, Тесла бил примен во компанијата на Едисон во Њујорк. Работеле заедно околу една година, но се разделиле откако Едисон одбил да му ја исплати договорената сума за значајни подобрувања што Тесла ги направил на моторите и генераторите.

Подоцна, со двајца бизнисмени ја основал „Tesla Electric Light & Manufacturing“, каде што поднел неколку патенти кои потоа им ги пренел на компанијата. Но, неговите партнери решиле да се фокусираат на снабдување со електрична енергија и основале нова компанија – оставајќи го Тесла без ништо. За да преживее, работел физички работи, копајќи канали за 2 долари дневно, очаен дека неговиот талент ќе остане неостварен.


Во 1887 година запознал двајца инвеститори кои му овозможиле финансирање за отворање лабораторија во Менхетн. Тука го развил револуционерниот индукциски мотор на наизменична струја, со кој го импресионирал „Вестингаус“, компанија која се согласи да ја лиценцира неговата технологија и да му исплати однапред. Сепак, подоцна го убедиле Тесла да ги продаде патентите за еднократен износ – потег што веројатно го лишил од можноста да се збогати.

Во 1891 година станал американски државјанин. Во 1893 година, Тесла учествувал во електрификацијата на Светската изложба во Чикаго, осветлувајќи повеќе светилки отколку што имало во целиот град. Преку спектакуларни демонстрации, вклучувајќи и безжично осветлување, ја фасцинирал публиката. Подоцна му помогнал на „Вестингаус“ да го добие договорот за изградба на првата голема хидроелектрана на наизменична струја на Нијагарините водопади.


Но, и покрај својот генијален ум, Тесла се соочил со сериозни тешкотии. Во 1895 година, пожар ја уништил неговата лабораторија во Менхетн, заедно со сите белешки и прототипи. Кога демонстрирал безжична контрола на брод, многумина го обвиниле за измама. Потоа се фокусирал на безжичен пренос на електрична енергија, верувајќи дека може да обезбеди глобален безжичен систем. Сепак, неговите финансиски одлуки биле катастрофални, па последните години од животот ги поминал во сиромаштија.

Никола Тесла, „таткото на физиката“, почина на 7 јануари 1943 година во Њујорк. Зад себе оставил околу 300 патенти и зборувал осум јазици.