"Meta" вложува милијарди во паметни очила

Точка

13/07/2025

11:50

585

Големина на фонт

а а а

Американската технолошка компанија "Meta" купи малцински удел во најголемиот светски производител на очила – компанијата "EssilorLuxottica" – во вредност од 3,5 милијарди долари.

"Meta" на овој начин стекна помалку од три проценти од уделот во компанијата која, меѓу другото, е позната по производството на легендарните "Ray-Ban" очила, пренесува „Блумберг“, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ситуацијата.

Според информациите на агенцијата, технолошкиот гигант од Менло Парк размислува да го зголеми учеството и до пет проценти, иако конечна одлука сè уште не е донесена.


Овие две компании веќе неколку години заедно развиваат паметни очила. "Meta" од 2021 година продава "Ray-Ban" очила со вградени камери и вештачка интелигенција, кои меѓу другото препознаваат објекти и прикажуваат берзански податоци во реално време.

По објавата за инвестицијата, акциите на "EssilorLuxottica" пораснаа за 7,1 процент – нивен најголем дневен скок во последните три месеци. Пазарната вредност на компанијата сега изнесува 117,3 милијарди евра.


Според прогнозите на агенцијата "GrandView Research", вредноста на пазарот на паметни очила ќе порасне од 1,93 милијарди долари во 2024 година на 8,26 милијарди долари до 2030 година. Интерес за оваа област веќе покажаа и конкуренти на "Meta", како што е "Google".