Да ги издржите летните жештини без клима-уред е речиси невозможно, но константното користење може значително да ја зголеми сметката за струја.
За среќа, постојат начини да се разладите и притоа да заштедите пари.
Експертите нудат неколку совети за ефикасно користење на клима-уредите кои можат да ви помогнат да ги намалите трошоците за 50 отсто.
Еден од клучните фактори за штедење енергија е правилното адаптирање на температурата. Многу од луѓето ја адаптираат климата на 21-23 степени Целзиусови, но експертите препорачуваат оптимална температура од 24-25 степени Целзиусови.
Оваа мала разлика може да ја намали потрошувачката на електрична енергија за 10-25 отсто.
Исто така обрнете внимание на позицијата на термостатот – избегнувајте да биде близу извор на топлина како што се телевизор или компјутер затоа што уредот беспотребно ќе работи подолго.
Модерните клими имаат неколку режими на работа кои можат значајно да влијаат на потрошувачката на енергија.
Режим на ладење – компресорот постојано работи, што значи поголема потрошувачка на енергија.
Режим на вентилатор – само вентилаторот работи, без ладење, голема заштита на енергија.
Режим на сушење – ја отстранува влагата од воздухот, идеално за влажните денови затоа што компресорот работи со помал интензитет и троши помалку енергија .
Доколку клима-уредите не се сервисираат редовно, нивната ефикасност опаѓа, а трошоците растат.
Нечистите филтри го намалуваат протокот на воздух поради што уредите мора да работат подолго и посилно.
Експертите препорачуваат месечно чистење на филтрите, а сервисот опфаќа:
- Проверка на внатрешната и надворешна единица;
- Дополнување фреон;
- Тестирање на ефикасноста.