[ФОТО] Џесика Алба се бакнува на улица со 12 години помладиот колега: По 17 години се разведе и едноставно „процвета“

Кармин

29/07/2025

08:40

4.320

Големина на фонт

а а а

Актерката Џесика Алба повторно била забележана со наводното ново момче, актерот Даниел Рамирез, а овојпат не можеле да ја скријат блискоста.

Фотографиите кои ги oбјави „DeuxMoi“ покажуваат како Џесика и Даниел разменуваат бакнежи на улица.

Рамирез ги ставил рацете околу вратот на славната актерка додека стоеле пред неговиот дом, а по страсниот бакнеж и двајцата се насмеале.

Наводниот пар бил снимен во лежерно издание кое, како што забележале повеќето, било слично. Алба носела темносина јакна, сиви панталони, црни патики и капа, додека пак Дени носел темносина маица, сиви тренирки и црни патики.

Џесика и Дени во последно време неколку пати биле забележани заедно во јавноста, а неодамна биле снимени во текот на романтична вечера во Лос Анџелес. Заедно го напуштиле ресторанот и влегле во автомобил.

Како што открил извор, парот наводно не е во „ексклузивна врска“, а додал дека Алба „само сака да се забавува“ по разводот од Кеш Ворен.

Актерката во јануари го потврди разводот после речиси 17 години брак.


„Со години бев на пат кон самодовербата и трансформациите и како поединец и во партнерството со Кеш. Горда сум на тоа како растевме како пар и во нашиот брак и во последните 20 години, но сега е време да тргнеме во ново поглавје на раст и еволуција како поединци. Одиме напред со љубов, добрина и почит еден кон друг и засекогаш ќе бидеме семејство. Нашите деца остануваат нашиот најголем приоритет и во овој момент бараме приватност“, напишала Алба на Инстаграм.

Барање за развод поднела во февруари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk