Веројатно одамна сте ја завршиле потрагата по совршени летни парчиња, а сега е идеален момент да почнете да размислувате дали истите се во тренд.
Сестраните модели секогаш се најдобрата инвестиција, а одличен пример за тоа се „stylish“ тексас фустаните кои, баш како и фармерките, без проблем можеме да ги носиме во текот на целата година.
Удобни и практични, тексас фустаните никогаш не излегуваат од мода, а зависно од начинот на стилизирање може лесно да ги вклопите во аутфити за различни пригоди.
Тексас моделите се одличен избор за дневни изданија, фестивалски комбинации, но и за неформални вечерни прилики.
Ќе се уверите колку еднакво добро изгледаат искомбинирани со патики, балетанки, чизми и сандали.
Меѓу боите и натаму најмногу се истакнуваат темните нијанси, индиго или „midnight blue“, како и избледени, целосно светли тонови.
Што се однесува до кроевите, не може да згрешите со класичниот кошула-фустан, а доколку барате тренди опција тогаш ви препорачуваме „бохо“ стил на фустан, женствени „drop waist“ модели или минималистички кроеви во духот на 60-тите.