[ФОТО] Вака изгледала раскошната венчаница на Лорен Санчез: Софија Лорен ѝ била најголема инспирација

Точка

28/06/2025

13:45

2.095

Големина на фонт

а а а

Милијардерот Џеф Безoс и новинарката Лорен Санчез на 27 јуни го изговорија судбоносното „да“ во Венеција.

Милијардерот и новинарката се венчале на гламурозна церемонија во Венеција, а за сите гости, вкупно 200, приредиле тридневна прослава која почнала во четвртокот навечер.

Ѕвездите се сoбрале да го прослават бракот на поранешната новинарка и милијардерот. Деталите од настанот ги држат во строга тајност, главно за да се избегнат потенцијалните протести.

Иако организаторите на венчавката инсистираат на тоа да ја почитуваат Венеција и нејзините жители, демонстрантите тврдат дека парот и нивните гости не се добредојдени во градот којшто секоја година прима околу 30 милиони туристи.

Досега не недостасувал ниту гламурот, познатите личности како Ким Кардашијан, Опра Винфри и Леонардо ди Каприо влегуваат и излегуваат од водените „такси“, претворајќи ги градските канали во пловечки црвен тепих.


Санчез на минувачите им дала увид на неколку модни изданија кои биле навистина перфектни.

За нејзината венчаница овојпат говори цел свет, а таа навистина изгледала како дива во неа.

Лорен носела неверојатен сирена фустан којшто го дизајнирале „Долче и Габана“, фустанот имал 180 копчиња покриени со свила, како и вел од чипка, инспириран од велот којшто го носела Софија Лорен во филмот „Куќичка на вода“ од 1958 година.


„Од тоа што сакав едноставен, секси и модерен фустан, дојдовме до тоа дека сакам нешто што претставува еден посебен момент и она каде моментално се наоѓам во животот“, изјавила Лорен за „Вог“.