[ФОТО] Иванка Трамп објави еден детаљ од свадбата на векот и сите велат дека сериозно си ја загрози безбедноста: „Ја следи тајна служба, а таа го споделува ова?“

Точка

27/06/2025

21:55

3.946

Големина на фонт

а а а

Иванка Трамп престојува во Венеција со својот сопруг Џаред Кушнер и нивните три деца, Арабела, Џозеф и Тиодор поради венчавката на Лорен Санчез и Џеф Безос кои синоќа приредиле забава за добредојде за своите гости, меѓу кои биле и бројни познати личности.

Откако поради протестот на локалните жители и глобалната политичка ситуација, односно конфликтот меѓу Израел и Иран и вмешаноста на САД во тој конфликт била промената локацијата на настанот, Иванка Трамп повлекла чуден потег.

„Подготвени сме да ја прославиме љубовната приказна на своите пријатели Лорен Санчез и Џеф Безос“, напишала Иванка Трамп на Инстаграм, а во серијата фотографии кои ги објавила се наоѓа и фотографија со бројот од хотелската соба.

„Дали ја лажиравте локацијата?“, прашале зачудените корисници по објавените фотографии. Сите биле изненадени од таа фотографија, па тешко им е да поверуваат дека Иванка намерно направила толкава грешка.

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп и нејзиното семејство ги следи Тајна служба на секој чекор, обезбедувањето на Иванка Трамп е најголемо во однос на безбедносните мерки кои ги имаат на располагање останатите функционери.


Иванка Трамп навикнала на таква ситуација и е свесна на својата положба и ризик на којшто е изложена, што нејзината објава ја декларира како шокантна.

Ќерката на Трамп допатувала во Венеција пред неколку дена, го шетала градот заедно со своето семејство и уживала во возењето со гондола. Синоќа таа блескала на гала приемот со останатите познати гости.


А, протестите поради славењето на Лорен Санчез и Џеф Безос не престануваат. Во понеделникот членови на „Greenpeace“ развеале огромен транспарент на плоштадот Свети Марко, култното срце на Венеција со слика од Безос и натпис: „Ако можеш да ја изнајмиш Венеција за својата венчавка, тогаш можеш да платиш и поголем данок“.