[ФОТО] Осамна ретка фотографија од полубратот на Безос: Некои го споредуваат со Брус Вилис

Точка

28/06/2025

15:28

685

Големина на фонт

а а а

Тридневната свадбена прослава на милијардерот и основачот на „Амазон“, Џеф Безос и новинарката Лорен Санчез е во полн ек, а еден од гостите кој се појави на вчерашната венчавка беше помладиот полубрат на Безос.

Марк Безос бил фотографиран како пристигнува на венчавката со сопругата Лиса Безос, облечен во црн смокинг. Марк (57), ретко се појавува во јавноста, а многумина коментираа дека личи на својот полубрат, милијардерот Џеф Безос.


Го споредуваат со Брус Вилис

Покрај тоа, некои го споредуваат со Брус Вилис, па дури и со Двејн „The Rock“ Џонсон, ѕвездата од „Моана“ и „Џуманџи“.


Иако самиот не е актер, Марк се дружел со голем број познати личности и припадници на елитата кои пристигнале во Венеција за свадбата. Како и неговиот постар полубрат Џеф, Марк е претприемач, но за разлика од него, тој ги избегнува рефлекторите. Иако е успешен бизнисмен, тој повеќе дејствува зад сцената отколку основачот на „Амазон“.

Познат по својата добротворна работа

Во 1996 година, Марк одлучил да го поддржи својот постар брат и неговата тогаш млада компанија, Амазон. Според Блумберг истата година, тој и неговата сестра Кристина купиле 30.000 акции на Амазон за 10.000 долари. Се проценува дека во 2018 година тие акции да не ги продале ќе имале вредност од 640 милиони долари.


За разлика од претприемачки ориентираниот Џеф, Марк е познат по добротворната работа. Тој е најпознат по својата работа во Робин Худ, водечка непрофитна организација во Њујорк која се бори против сиромаштијата, каде што беше член на одборот.