[ФОТО] Кајли Џенер ги прекршила правилата за облекување на венчавката на Безос? Нејзиниот фустан стана „главна тема“

Точка

28/06/2025

16:31

1.300

Големина на фонт

а а а

Американската ријалити ѕвезда Кајли Џенер привлече големо внимание со фустанот во кој се појави на венчавката на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција. Имено многумина се прашуваат дали бил соодветен за пригодата.

Со оглед на тоа што постои добро познато правило дека свадбените гости не треба да носат облека во бои слични на белата, нејзиниот ледено син фустан предизвика бројни коментари.



„Очајно се обидува да ја засени невестата“, „Ова е навистина непромислен потег“, „Фустанот дефинитивно не е соодветен за оваа пригода“, беа дел од реакциите на социјалните мрежи.


Инаку за оваа креација заслужна е турската дизајнерка Дилара Финдикоглу, која претходно соработувала со Кајли, а која изгледот го надополни со фризура со крената коса и очила за сонце.



Инаку на прославата присуствуваа и многу други познати имиња, меѓу кои Крис Џенер, Кендал Џенер, Клои Кардашијан, Ким Кардашијан, Леонардо Дикаприо, Опра Винфри, Ева Лонгорија, Орландо Блум и други.


Американските медиуми објавија дека Џеф Безос и Лорен Санчез всушност се венчале порано во САД, додека во Италија организирале повеќедневна прослава. Веднаш по венчавката, Лорен го додаде презимето Безос на социјалните мрежи и објави фотографии на кои позира во венчаница.